Сава пензиско е првото пензиско друштво во нашата држава, кое за своите членови креираше мобилна апликација. Преку мобилната апликација членовите на пензиските фондови во секое време ќе имаат целосен и навремен увид во својата пензиска заштеда.
Мобилната апликација на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус им нуди можност за пристап до состојбата на својата пензиска заштеда, да ажурираат лични податоци и да генерираат детален извештај за пензиската заштеда.
Дополнително тие имаат можност да одберат да им пристигнува известување секогаш кога ќе им бидат уплатени придонесите од работодавачот.
Апликацијата можете да ја симнете преку веб страната на друштвото www.sava-penzisko.mk.
Пензиските фондови со кои управува Друштвото континуирано бележат позитивни резултати.