Секој ден во светот згаснуваат милиони работни места во секторот туризам, загубите се во трилиони долари

Околу еден милион работни места се затвораат секој ден во изминатите скоро две недели во секторот за патувања и туризам, како резултат на глобалната пандемија на новиот коронавирус, според студијата на Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC), објавена во средата.

До 75 милиони работни места се изложени на непосреден ризик, според WTTC, што претставува пораст од 50 проценти во однос на претходната студија.

Советот ја откри и длабочината на кризата во одделни региони. Азиско-пацифичкиот регион се очекува да биде погоден со ризик до 49 милиони работни места, што претставува загуба од скоро 800 милијарди американски долари.

Европскиот туризам и туристички сектор се предвидува дека имаат ризик до десет милиони работни места, со вкупна загуба од скоро 552 милијарди американски долари.

Исто така, се очекува Америка да биде погодена од кризата, при што Соединетите држави, Канада и Мексико се очекува да загубат и до 570 милијарди долари заедно, со скоро седум милиони работни места кои се под непосреден ризик.

Глорија Гевара, извршен директор на WTTC, ги осуди владите кои не реагираа доволно брзо за да му помогнат на секторот за туризам и патувања.

„Освен ако не се преземат итни мерки во наредните неколку дена, секторот ќе се соочи со економски пад што ќе биде тешко да се опорави и ќе однесе со себе милиони луѓе кои зависат од тоа“, рече Гевара.

Таа предупреди дека намалувањето на патувањето и туризмот ќе создаде „домино ефект“ што резултира со големи загуби на работни места низ синџирот на снабдување.

„Ги повикуваме сите оние кои се на моќни позиции да помогнат на немоќните и донесување на политики што ќе го поддржат и одржуваат секторот што е движечка сила на глобалната економија и е одговорен за создавање на еден од петте сектори од сите нови работни места“, додаде Гевара.

Патувањето и туризмот придонесуваат 10,4 проценти во глобалниот БДП и го надминаа растот на светската економија веќе осум години по ред.