Олимписките игри официјално одложени

Олимписките игри во Токио се одложени поради пандемијата со коронавирусот.

32-те Олимписки игри требаше да се одржат од 24 јули до 9 август, но заради коронавирусот кој го зафати целиот свет, конечниот нов датум е за летото 2021 година.

Извршниот комитет на Меѓународниот олимписки комитет на денешната вонредна средница донесе одлука дека е невозможно да се одржи Олимпијадата во Токио оваа година.