3 Декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Денот има за цел да промовира подобро разбирање на полето на хендикеп, со фокус на правата на лицата со посебни потреби и придобивки кои ќе произлезат од процесот на интеграција на овие лица во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот на нивните заедници. Овој ден се одбележува уште од 1992 година кога Генералното собрание на Обединетите Нации го прогласи 3 Декември за Меѓународен ден на лицата со посебни потреби и се одбележува насекаде низ светот.

Националното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост ќе биде одржано денеска во Владата на Република Северна Македонија.

Во организација нна Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија на ќе се одржи и завршната конференција од проектот „Попреченоста е прашање на перцепција” . Проектот е финансиран од Европската Унија.

На одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост ќе обратат премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и министрите за труд и социјална политика Мила Царовска, за здравство Венко Филипче и за образование и наука Арбер Адеми. Обраќања ќе имаат и претставници на Националниот совет на инвалидските организации и на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, кое е организатор на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.