Комерцијална банка однапред плати данок на добивка за 2020 година во износ од 1.9 милиони евра

Комерцијална банка однапред плати данок на добивка за 2020 година во износ од 1.9 милиони евра со цел да придонесе за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет.

-Имајќи го предвид развојот на состојбите и сериозната опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, Комерцијална банка АД Скопје однапред изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година. Со тоа е веднаш исплатен вкупен износ од 120.000.000 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи, истакнуваат од Кмерцијална банка.

Со ваквата одлука, Комерцијална банка АД Скопје настојува да придонесе за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, а со тоа и да го зголеми капацитетот на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството.