Паника на Местаља: Уште четворица заразени со коронавирусот од редовите на Валенсија

По денешната вест дека стоперот на фудбалскиот клуб Валенсија Езекиел Гарај, е позитивен на коронавидусот, потврдени се уште четири случаи на зараза во шпанската прва лига.

Во изјавата на клубот, објавена на социјалната мрежа Инстаграм, се вели дека покрај Аргентинецот Гарај, во редовите на Валенсија биле заразени уште четири лица.

Не беа споделени точни информации, но се вели дека станува збор за луѓе меѓу фудбалерите и членовите на стручниот персонал. Потврдено е дека сите се во добра здравствена состојба и во моментов се наоѓаат во карантин.