Бил Гејтс повеќе нема да биде дел од бордот на директори на Microsoft, но и бордот на директори на Berkshire Hathaway со цел да може целосно да се посвети на филантропија на фондацијата за добротворни цели која ја води заедно со неговата сопруга Мелиса.
Гејтс кој ја основаше технолошката компанија Microsoft и долго време беше и главен и извршен директор во иднина ќе продолжи единствено да служи како специјален советник за технологија и стратегија на актуелниот предводник Сатја Надела.
Гејтс ја водеше PC револуцијата на крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години со лансирањето на оперативниот систем Windows.
Како хуманитарец една од главните заложби на Гејтс е создавање на подобар здравствен систем, зголемена употреба на вакцини и вложува многу во нови пронајдоци кои ќе ја унапредат медицината, особено во земјите во развој кои имаат големи проблеми со заразни болести и сиромаштија.