Компанијата Адора инженеринг на бизнисменот Ванчо Чифлиганец купи нови 13.901 обични акции во Комерцијална банка, соопштија од банката на Македонска берза.
„Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 280.780 обични акции, односно има учество од 12,32 отсто во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје, стои во соопштението.