Во врска со изјавите од челниците на власта во последно време за можно одложување на изборите во април поради случувањето во Шпанија на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ би прифатило одложување на парламентарните избори и дали гласањето на протоколот за НАТО во Шпанија може да значи одложување на избори?

Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори: Исплашени се, се плашат, знаат дека губат. И знаат дека губат катастрофално и тоа ќе се случи на 12-ти април 2020. Па сега се обидуваат шверцерски на мала врата да протуркаат некакво одложување со изговор еве ратификувањето, идното, можното не ратификување во рамките на Шпанскиот парламент и би било некаква пречка.

Тој истакна дека во име на тоа ќе предложи до пратениците во текот на следната недела да до Собранието достават иницијатива за ратификување на протоколот со одложено дејство, по принципот на тоа што го направи една друга членка на НАТО алијансата, а тоа е Црна Гора што го ратификуваше протоколот пред тој да биде ратификуван во САД.

Ајде да видиме дали пратеничката група на СДСМ, дали Зоран Заев се плашат од катастрофата што ќе им се случи на 12-ти април и свесни се дека ништо не направија овие три години. Или пак навистина сакаат да Македонија да биде членка во НАТО алијансата и еден ден да бидеме дел од ЕУ, рече Мицкоски.

Неделава пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива во рамките на Собранието за предвремено ратификување на Протоколот и со тоа предвремено ратификување на Протоколот ќе има одложено дејство кое што ќе биде полноправно и оној момент кога сите останати 29 членки ќе ја завршат таа процедура по принципот на тоа што го направи Црна Гора во минатото. Односно го ратификуваше протоколот пред и официјално Американскиот Конгрес и Сенат да ја завршат процедурата.