Пукотници со истрели од огнено оружје синоќа во хотелот Александар Палас. Непознати вооружени лица доцна синоќа упаднале во ресторанот од хотелот и пукале кон пет лица. Еден од гостите бил и полицаец. За среќа повредени нема.
Во полицискиот билтен на МВР има само кусо соопштение за настанот:
На 01.12.2019 околу 00,35 ч. пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Повредени лица нема. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот.