(ФОТО) Ронадлињо и во затвор со својата позната насмевка

Фудалскате легенда Роналдињо заедно со неговиот брат во саботата се префрлени во затвор во парагвајскиот главен град Асунсион, по налог на јавниот обвинител.

Браќата се наоѓаат во затворот Квадрилатерал, каде што се сместени обвинетите за корупција, за трговија со дрога и лицата против кои се водат политички процеси.

Денеска се појави првата слика од Роналдињо во затворот, облечен во црн шорц, маичка и бели папучи, но што е најважно, насмевката сè уште е на неговото лице.