Чифлиганец го зголемува своето учество и повторно купува акции на Комерцијална банка

Како што соопшти банката преку Македонска берза сега компанијата на Чифлиганец поседува вкупно 266.879 обични акции.

Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје чиј сопственик е бизнисменот Ванчо Чифлиганец, се стекна со 6.413 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.

„Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 266.879 обични акции, односно има учество од 11,71% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје“, стои во соопштението.