Роналдињо Гаучо беше уапсен во Парагвај за наводна употреба на лажна документација за влез во оваа јужноамериканска земја, според извештаите на медиумите.
Поранешниот фудбалер (39) беше уапсен со неговиот брат Роберт во Парагвајскиот јахтинг и голф клуб, потврди парагвајското Министерство за внатрешни работи, пренесува goal.com.
Според официјалното соопштение од полицијата, Роналдињо и неговиот брат биле повикани во Парагвај од сопственикот на казино Нелсон Белоти.
Фудбалскиот ас требаше да учествува на повеќе јавни настани во присуство на медиуми.
Роналдињо е без пасош од 2018 година кога му беше одземен поради еколошка казната за загрозување на животната средина.