Славевски: Со ВМРО-ДПМНЕ платите ќе растат за 5 проценти на годишно ниво, а вештачкото зголемување на минималната плата од СДСМ ќе остави илјадници луѓе без работа

Професорот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во емисијата „Топ Тема“, истакна новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да се врзува со апсолутни бројки за порастот на платата туку истата ќе расте за 5 проценти на годишно ниво.

-Ние ветуваме 5 проценти просечен годишен раст, не се врзуваме за номинален износ. Значи внимавајте едно е да земете просек за месец друго е да земете просек за година, вели Славески.

Славески понатаму во „Топ тема“вели дека кога ќе вродат со плод политиките на ВМРО-ДПМНЕ, плата може да расте и повеќе од ветеното.

Во однос на апсолутните бројки како што ветуваше СДСМ, претходно 500 евра и сега 600 евра, вели дека тоа е бесмислено.

Тој потенцираше дека СДСМ се пофали со порастот на платите, но заборави да го пресмета порастот на трошоците за живот, со оглед на тоа што како што расте платата така расте и инфлацијата во една економија.

-Платата не можете да ја таргетирате, може и повеќе да расте. Ако создадеме услови економијата да расте побрзо со политиките, побрзо ќе расте и платата. Плата во номинален износ и тоа во денари да ја таргетирате е безмислено. Знаете зошто е безмислено? Ако ги пресметаме трошоците за живот во реални износи, нели реалната плата зависи од трошоците за живот, истакна Славески.

Говорејќи за вештачкото зголемување на минималната плата, професорот Трајко Славески истакна дека ваквите мерки на владата на СДСМ ќе остават илјадници граѓани без работа.

Како за пример, тој го зема некогашниоте текстителн гигант Тетекс кој прогласи стечај пред неколку недели.

-Просечната плата во текстилната индустрија каде што работат неколку десетици илјади вработени изнесува 15 илјади и 400 денари. И сега внимавајте, каков апсурд е минималната плата на ниво на цела економија вклучително и текстилната индустрија, ќе ги натерате да ја покачат на 16.000. Како може минималната плата да биде помала од просечната плата? На тие апсурди ние укажуваме. Тоа е оној проблем кој се создава, се затвараат погони. Видовме што се случи со текстилниот дел од Тетекс, фабрики низ источна Македонија, оние кои работат во дејности кои создаваат мала додадена вредност. Притисокот за платите надвор од она што е продуктивноста, може да остави без работа и ќе остави без работа голем број вработени, вели Славески.