РК Вардар се засилува со Борко Ристовски

Македонските репрезентативци Борко Ристовски и Марко Мишевски се двете засилувања што ќе потпишат договори со Вардар, во обид да помогнат „црвено-црните“ да се стабилизираат од големата криза и успешно да ја финишираат сезоната на домашната сцена.

Ристовски се враќа назад во Вардар од редовите на Бенфика. Додека Мишевски изминатиот период го помина во францускиот нисколигаш Гренобл, кој се соочи со огромна финансиска криза, па Мишевски се реши експресно да се врати во татковината и повторно да го облече дресот на Вардар.