Кои три хороскопски знаци треба да внимаваат до 10 март

Ретроградата на Меркур е виновна за многу лоши работи што ќе ви се случат до 10 март. Тоа, барем, е астролошкото објаснување за феноменот за време на којшто може сè во нашите животи да тргне наопаку.

Ретроградното движење на тоа тело наназад, кое влијае на многу аспекти во животот на една личност – пред се во областа на комуникација, патување и технологија, се случува неколку недели годишно. Кога Меркур е во оваа позиција, постои нерамнотежа во вселената, така што работите не одат според начинот на кој сме замислиле.

Во моментов сме во фаза на ретрограден Меркур, која започна на 17 февруари, а нови фази нè очекуваат од 18 јуни до 12 јули и од 14 октомври до 3 ноември.

Влијанието на ретроградниот Меркур го чувствуваат сите хороскопски знаци, а од тековната фаза ќе бидат најмногу погодени овие знаци:

ОВЕН

Ретроградниот Меркур ги носи на површина сите нерешени односи и проблеми од нашето минато и нè принудува конечно да се соочиме со стравовите и драмата што постојано ги избегнуваме. Токму овој аспект на влијанието на Меркур, најмногу ќе ги погоди овните во првата овогодишна ретроградна фаза. Можеби ќе наидете на луѓе кои ви предизвикуваа болка во минатото, но искористете го ова како можност да се извлечете од опсегот на негативни емоции што ги имате кон тие луѓе. Ако вложите напори и сега го исчистите емоционалниот неред, ќе бидете наградени со нов почеток.

ДЕВИЦА

Меркур, исто така, им носи проблеми на девиците во областа на меѓучовечките односи. Ако се оддалечивте од некои луѓе, можеби сте направиле добар потег. Во ретроградна фаза, верувајте на вашата интуиција кога станува збор за луѓето во вашиот непосреден круг. Инаку, вие сте многу реални во врска со ова и добро ги цените луѓето, но Меркур може да ја помати вашата способност на рационално размислување за кратко време, затоа не ја игнорирајте интуицијата што ви кажува дека одредени луѓе можеби нема веќе да имаат место во вашиот живот.

ВОДОЛИЈА

Припадниците на овој знак обично се оптимисти, полни со енергија и расположени, но ретроградата на Меркур ќе игра со нивното расположение. Можеби ќе ви донесе неколку непријатни изненадувања, но не дозволувајте разочарувањето да ве победи. Ќе бидете повеќе раздразливи од вообичаеното, склони кон ненадејни промени во расположението, но во тие моменти земете длабок здив и обидете се да го пронајдете позитивното во вас.