Според проценките на Меѓународната асоцијација на авиокомпании (ИАТА), авиокомпаниите во азиско-пацифичкиот регион ќе изгубат 27,8 милијарди долари поради епидемијата на коронавирусот, додека побарувачката за авиокомпаниите во регионот ќе се намали за 13 проценти.
Со оглед на тоа што проценката на растот е проектирана на 4,8 проценти, целокупниот пад на профитот ќе биде 8,2 проценти, соопшти ИАТА.
Според ова сценарио, загубата на приходите ќе изнесува 27,8 милијарди американски долари за авиокомпаниите во регионот на Азија и Пацификот.
Најголеми загуби ќе забележат компаниите од Кина, чиј пад на профитот само на домашниот пазар се проценува на 12,8 милијарди доалри.
Според истото сценарио, компаниите кои работат надвор од овој регион ќе изгубат 1,5 милијарди американски долари, под претпоставка дека побарувачката е ограничена само на азиските пазари.
Споредба со САРСот во 2003 година
Севкупно, загубата ќе изнесува 29,3 милијарди американски долари на глобално ниво.
Оваа загуба, според проценките на ИАТА, во голема мерка ќе ги намали проценките на глобалниот раст за 2020 година.
Проценките се слични на оние од времето на епидемијата со САРС, се вели во соопштението.
Потоа, после шестмесечен период на ненадејно опаѓање, следуваше подеднакво брзо закрепнување.
Во 2003 година, вирусот САРС беше пришина за пад на приходите од 5,1 процент на авиокомпаниите од Азија и Пацификот.
Овие проценки се ако епидемијата се задржи, главно во Кина.
Доколку епидемијата се шири на азиско-пацифичкиот пазар, тогаш влијанието врз авиокомпаниите од другите региони би било поголемо.
„Ваквиот пад на побарувачката како резултат на избувнување на коронавирусот ќе има финансиско влијание врз авиокомпаниите, особено за оние што работат на кинескиот пазар“, истакна Александре де Јуниак, извршен директор на ИАТА.
Тој додава дека авиокомпаниите донесуваат тешки одлуки за намалување на капацитетот, а во некои случаи и прекинување на линиите.
Според него, пониските цени на горивото ќе помогнат во компензацијата на дел од изгубените приходи.
„Ова ќе биде многу тешка година за авиокомпаниите“, рече Јуниак.