За 42 месеци треба да се изградат првите два километри од автопатската делница од Скопје – Блаце, поточно за две и пол години, а договорот е склучен со изведувачот „Гранит“.
Како што извести компанијата преку Македонска берза вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 881.742.867 денари или околу 14,3 милиони евра. Делницата од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце е дел од коридорот 10 кој треба да се комплетира до Скопје.
„Гранит“ ќе гради како што ќе се ослободува теренот со експропријацијата, а јавното претпријатие Државни патишта ќе му плаќа авансно.
За автопатот Скопје – Блаце долг 12,5 километри обезбедени се 120 милиони евра – 70 се кредит, 27 грант, а остатокот државни пари.