https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10157230329513171&id=171074268170
Навивачката група “Шверцери” најостро ја демантира постојаната тенденциозна пропаганда против нашата прослава на 30 години од нашето постоење.
Сите снимки, а посебно нашата снимка половина час по настанот во празната сала, ги демантираа тенденциозните известување за наводното демолирање, вандализам и дивеење.
Се констатира дека немало вандализам и дивеење, ниту намерно предизвикана штета, туку само пеење и скандирање како начин на изразување во навивачката култура насекаде низ свет.
Да ги разјасниме дилемите, Организатор на настанот сме ние, навивачката група Шверцери, и на тој настан беше прикажан краток документарен филм како и беа доделени признаници на еминентни личности од фудбалскиот живот кои го дале својот допринос за нашиот клуб.
На настанот како гости ги поканивме сите играчи и тренери, сегашни и поранешни, на нашиот клуб, поранешното и сегашното раководство на клубот, градоначалници и пратеници, идр, кои што не удостојија со нивното присуство.
Чудни се заклучоците без записник на состојбата на салата пред и по настанот, и со намерна пропаганда три дена по настанот, на кој што нема забележано ниту еден инцидент во ниту еден билтен. Сомнително е исто така пријавувањето на наводна штета три дена по настанот што остава простор за размислување дека “штетата” можела да биде предизвикана и пред, и по нашиот настан, слично како на сериозните оштетувања од негрижа на објектот надвор и внатре.
Ние бевме во театарот да прославиме јубилеј, а не да рушиме, дивееме, вандализираме.
Благодариме на театарот за соработката.