О2 Иницијатива: До кога М.Ж. Транспорт АД-Скопје ќе нè загадува со мазут?

Веќе неколку месеци наназад се објавуваат фотографии со црн чад од објект на 3-та Македонска бригада, каде се Македонски Железници Транспорт АД-Скопје. Последната е од вчера, обвинуваат од „О2 Иницијатива“.

Како што велат тие, на 9 декември екипа од Инспекторатот на град Скопје излегла на дојава на граѓани и направила записник за понатамошно постапување.

 М.Ж. Транспорт АД-Скопје секоја година набавува мазут и екстра лесно масло за горење. Овој субјект нема А или Б интегрирана еколошка дозвола.

Петре Шилегов пред година дена, после објавувањето на фотографиите и видеата со црниот чад од гинекологија, се закани дека ќе ја затвори болницата во Чаир ако продолжат да го загадуваат воздухот и им даде месец дена да го променат начинот на греење, да си го променат котелот. Болницата оваа година конечно треба да се префрли на гас.
На Македонски Железници градскиот татко не им наложува да престанат да загадуваат во одреден рок или ќе ги затвори, обвинуваат тие.

🔺 Дали М.Ж. Транспорт се казнети од Инспекторат на град Скопје?
🔺 Што е преземено од 9 декември кога сте излегле на терен и сте направиле записник?
🔺 Дали сте извршиле мерења на емисиите?
🔺 Дали сте го утврдиле чадниот број, каде со сигурност овој црн чад е над дозволените граници и сте изрекла казна?

До кога М.Ж. Транспорт АД-Скопје ќе нè загадува со мазут? Уште колку вакви фотографии треба да се објават за да се стави крај на загадувањето од Македонски Железници? – прашуваат од „О2 Иницијатива“.