ЕУ со нови санкции за режимот на Асад во Сирија

Европската унија ги прошири постојните санкции наметнати на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Европскиот совет објави дека осум претприемачи и две компании се наведени како субјекти од Сирија кои се санкционирани .

Во соопштението се вели дека тие биле физички и правни лица кои изведуваат различни проекти на имотот на раселените Сиријци и даваат директна финансиска поддршка за режимот на Асад.

Европската унија во моментот има 277 физички лица и 71 правно лице на списокот на санкционирани од Сирија.

На сите им е забрането влегување и замрзнат им е имотот насекаде во ЕУ.

Санкциите на ЕУ за режимот на Асад вклучуваат ограничувања на инвестициите, забрана за увоз во Сирија на целата опрема и технологија што може да се користи за воени цели и ембарго за увоз и извоз на нафта.