Вчера директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчевски, заминал заедно со четири жени, вработени во истата служба, со владиниот авион „Лирџет“ на шетање во Љубљана, дознава „Нетпрес“ од вработени во Службата.
„Нетпрес“ добил официјална потврда од М-НАВ дека Лирџетот полетал од скопскиот аеродром за Љубљана во 10.08 часот вчераутро.
Со Мирчевски заминале во Љубљана неговата секретарка, шефицата на човечки ресурси и шефицата на јавни набавки, сите вработени со договор на дело., пишува Нетпрес.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата – Пеце Мирчевски, демантира дека со владиниот авион „Лирџет“ заминал на шетање и шопинг во Љубљана, како што објавија некои медиуми повикувајќи се, наводно, на извори меѓу вработените од СОЗР. Мирчевски, меѓутоа, потврдува дека лет до Љубљана бил остварен.
Според Мирчевски, се работи за нешто сосема друго. За МИА тој вели дека се работи за тренинг лет на владиниот авион, кој е задолжителен поради безбедносни причини. Летот, објаснува, е извршен на релација Скопје – Охрид – Љубљана, бидејќи тестирањето на авионот подразбира 3 часа непрекинат лет. Според Мирчевски, во авионот при тестирањето има(ло) двајца пилоти, еден инструктор и четири лица патници.