Денес во Собранието на Република Македонија закажани се три седници.
На две од седниците се наоѓаат закони за кои е потребно двотретинско мнозинство да бидат донесени. На едната седница се наоѓа Законот за јавно обвинителство и Законот за советот на јавни обвинители, по овие два закони расправата е завршена и претаниците треба да ги гласаат.
Иста е и ситуацијата со Законот за одбрана кој е ставен на другата седница.
Како последна седница за денес е седницата на која се наоѓа точката за распуштање на Собранието.
Неизвесно е како ќе се одвива денешниот ден, со оглед на тоа дека постојано се менуваат бројките од 80 на 79, 78 пратеници, потребни за да ги усвојат двотретинските закони.
