Иако се очекуваше полна сала, во знак на поддршка на ракометарите што и донесоа две европски титули на Македонија во последните три сезони, сепак атмосферата во СЦ “Јане Сандански” воопшто не наликува на онаа од претходните натпревари.

Не повеќе од 3.000 навивачи се собраа во арената што важи или важеше, за една од оние во кои е најтешко да играат гостинските екипи.

Познато е дека Вардар се наоѓа во тешка ситуација, и голем дел од ракометарите се на излезна врата, но тоа не значи дека не треба да се поддржат во битката кон одбрана на европската титула.

Вечерва во СЦ “Јане Сандански” се само вистински навивачи на Вардар, а не оние што доаѓаат за селфи…

Извор: 24ракомет.мк