Вардар во сабота го пречекува Мотор Запорожје во рамки на 12.коло во Лигата на шампионите, но во моментов речиси никој не размислува за натпреварот.

Главна тема е состојбата во клубот, финансиските проблеми и многуте неодговорени прашања кои ги имаат играчите. Вчера си заминаа Даинис Криштопанс и Павел Атман, а очигледно незадоволството во редовите на „црвено-црните“ расте сe’ повеќе и повеќе.

Капитенот Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција потврди дека ќе остане во клубот до крајот на сезоната, но и тој не знае ништо околу иднината на клубот, бидејќи играчите не добиваат никакви информации од раководството.