Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос, Адан Гебрејсус, за време на обраќањето пред Извршниот одбор на СЗО, се закашла, го прекина говорот за да се напие вода и потоа рече: „Не грижи се, не е корона“.
Повеќе од 17,000 луѓе се заразени со коронавируси само во Кина, а најранливиот град е Вухан. Тедрос Аданом Гебрејсус рече дека се пријавени уште 151 случаи во 23 други земји, од САД до Јапонија, пренесува Ројтерс.
Гебрејсус рече дека нема потреба државите да преземаат мерки што „непотребно влијаат на меѓународното патување и трговија“, во обид да го запрат ширењето на коронавирусот.
Тој ја повтори својата претходна порака дека „глобалното поврзување е слабост во шрењето на епидемијата, но и најголема сила“, пренесува Ројтерс.
Кина денеска осуди некои земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, дека шират преголема паника и постапуваат спротивно од препораките на СЗО да не се преземат непотребни или прекумерни мерки.