Церемонијата на врачување на донацијата се одржа во главниот град Морони во почетокот на јануари, но за тоа последниве денови известуваа само локалните медиуми, пишува РТ.
Делегацијата предводена од Ахамад Мса Милва му врачи на кинескиот амбасадор симболична сума од 100 евра за набавка на маски.
„Ние ги знаеме можностите на Кина, но со овој гест сакаме да му покажеме на кинескиот народ колку се загрижени Коморите“, рече Милва.
Покрај тоа, тој ги пофали кинеските власти за комуникација и соработка со меѓународната заедница во борбата против епидемијата на коронавирус.
омори е островска држава во јужна Африка. Се наоѓа во Мозамбичкиот канал помеѓу островот Мадагаскар и африканското копно.
Кина беше првата земја што ја призна малата островска нација од 850.000 жители откако таа стана независна од Франција во 1975 година.
Ковид-19, коронавирус кој првично се појави во Вухан, зарази повеќе од 43.000 луѓе и однесе повеќе од илјада животи.