Предвидувањата за иднината на човештвото не се особено позитивни.

Според некои, до 2050 година ќе има повеќе пластика во водата отколку риби.

Сепак, ова не е најзастрашувачко. Застрашувачки е што човештвото не може да престане да користи пластика.

11-ти февруари – Меѓународен ден на жената и девојчињата во науката, ве потсетуваме на две девојки студентки кои сакаат да најдат решение за овој проблем.

Џини Јао и Миранда Вонг развија бактерија која се храни со пластика.

battery recycle bin

Двете млади жени започнале да работат на овој проект уште во средно училиште и до денес успеале да го патентираат својот изум.

Тие имаат само 20 години, но инвеститорите се многу заинтересирани за нив.

Всушност, тие освоиле 400.000 американски долари во финансирање за да продолжат со развој на бактеријата.

Џини и Миранда веќе имаат освоено 5 награди благодарение на бактеријата, а тие се исто така најмладите добитници на една од најпрестижните научни награди – „Перлман“

„Виртуелно е невозможно да се натераат луѓето да престанат да користат пластика.

Бактеријата може да се користи за чистење на водата и за чистење на плажите, објаснуваат девојчињата.

Откритието на Џини и Миранда може да се покаже како клучно за животната средина, бидејќи загадувањето со пластика е толку големо што, според научниците, веќе го консумираме дури и со рибата и морската храна.

Голем број на земји се обидуваат да ја ограничат или забранат употребата на производи како што се торби за еднократна употреба или пластични сламки, но управувањето со отпадот што веќе го произведуваат луѓето е еден од најголемите предизвици со кои ќе се соочиме во блиска иднина.

Бактеријата создадена од двете студентки може да биде дел од решението.