Огнометот во Колорадо овој викенд го собори рекордот за најголем огномет во светот според Гинисовата книга на рекорди.
За успешниот обид потребни биле 1270 килограми пиротехника лансирана со брзина од скоро 500 километри на час, од цевка со должина од осум метри.
Претходниот рекорд го држеа Обединетите Арапски Емирати, кои направија огномет во 2018 година со 1.087 килограми пиротехника.
Огнометот достигна висина од речиси една милја и пол.
Подготовките за огнометот во Steamboat Springs траеја седум години, а првиот неуспешен обид да се сруши рекордот беше минатата година, но притоа пиротехничката касета експлодираше прерано.