Сите барања од „ЗЕЛЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“ за спречување на загадувањето

Десетици обединети еколошки организации од различни градови во земјава, денеска во Скопје одржаа марш за чист воздух. Маршот започна од Министерството за животна средина, низ центарот на Скопје до Собрание и заврши пред Влада. Со ова, граѓаните се приклучија на Глобалниот климатски штрајк.

Рута на маршот

На протестот денес вкупно 250 барања доставија до владата група на граѓани и претставници на невладини организации кои денеска излегоа на протестен марш. Тие бараат да се решат проблемите на 12 жешки точки кои досега ниту една влада не ги решила.

Сите барања:

Дел од граѓанските организации се на став дека доколку не им се исполнат барањата ќе повикаат на бојкот на претстојните парламентарни избори и граѓанска непослушност.

Здружени граѓански организации и иницијативи:

  1. Fridays For Future Skopje,
  2. O2 Иницијатива,
  3. Не Биди Ѓубре,
  4. Скопје Смог Аларм,
  5. Мој Воздух,
  6. Движење за чист воздух,
  7. Го Сакам Водно,
  8. Билка,
  9. Levizja Nena dhe Femija / Движење Мајкa и Дете,
  10. Битола сака чист воздух,
  11. Eco Guerilla,
  12. Група граѓани од Визбегово,
  13. Скопје бара чист воздух,
  14. Здрава Котлина,
  15. Еко Долина,
  16. Младите од Иловица и Штука,
  17. Е.Д.Е.Н.,
  18. Охрид SOS,
  19. Struganët për Strugën / Стружани за Струга,
  20. Шепасти ентузијасти,
  21. Дејзи Фемили

Иницијативи кои ги поддржуваат барањата, но не и бојкотот на избори и граѓанска непослушност:

  1. ЕкоКарпош 3,2,1,
  2. Ние сме Карпош 4,
  3. Плоштад Слобода,
  4. Здравје пред профит во Центар,
  5. Shoqata ekologjike GvEko / Еколошко здружение ГвЕко / Ekoloji dernegi GvEko,
  6. Анима Мунди,
  7. Young Friends of the Earth Macedonia,
  8. Екоскоп