Антонио Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања презентираше аудио снимка на кој по се изгледа може да се препознае гласот на екс премиерот Зоран Заев.
Од снимката која Милошоски вели дека ја добил од свиркач кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите, стои дека помагањето на телевизијата била неколкукратна, но и дека цело време екс премиерот бил во комуникација со главно осомничениот за Рекет, што е во спротивност со тврдењата на Заев дека тој немал никаква комуникација со Боки Јовановски.
Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше на денешната седницата на комисијата каде се дискутира Закон за јавно обвинителство, каде според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и голем број на експертите се крие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори.
Иако на комисијата имаше предложен амандман од Алијанса за албанците, министерката Десковска го одби со образложение дека доколку бил прифатен ќе се отворела можност законот да се блокира.
Во продолжение интегрално текстот од аудио записот.
Зоран Заев: Но му требаат пари во тоа телевизијата и.
Зоран Заев: Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.
Зоран Заев: Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телеизијата, ми вика имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа ари тогаш за тоа старечките домови.
Зоран Заев: Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата главно за маркетинг тоа беше уште порадно лани Октомври Ноември 2018 година.