32-годишната Австралијка, Турија Пит, додека трчала ултра-маратон заедно со уште неколку други учесници, се нашла сред огнена стихија. Пожарот се проширувал со огромна брзина, поради што огнените јазици на младата девојка и нанеле изгореници на 64% од телото и ги изгубила сите прсти на десната рака. Иако докторите сметале дека шансите да преживее се многу мали, борбената девојка ги надминала нивните очекувања. По страшната несреќа, таа била принудена речиси шест месеци да остане во болница, а досега има направено многу операции.

Сега Турија е мотивациски говорник и е целосно посветена на хуманитарна работа. Таа учествувала во неколку спортски манифестации за собирање на средства за хуманитарна организација која им обезбедува бесплатни реконструктивни операции на пациентите на кои им се најпотребни.

Нејзиниот вереник Мајкл Хоскин во ниту еден момент не помислил да ја напушти својата сакана и беше покрај неа во секоја битка. Тие се родители на 2-годишен син, а на социјалните мрежи, Турија ја сподели среќната вест дека по втор пат стана мајка.