Нема елементи обвинетиот да не присуствува на рочиштата, а од вештачењето било утврдено дека Јовановски има хроничен гастритис, а нема утврдено малигнитети, па треба да биде прегледан од дигестивен лекар, рече судијката Васка Николовска, на продолжението од рочиштето за Рекет.

“Ако сакате обесете ме, ова е фалсификат” – рече Боки, кој со адвокатот, пак, тврдеа дека вчера воопшто не му бил извршен преглед за да му издадат дијагноза.

Адвокатот Сашо Дуковски беше против  одлуката на судот да почне рочиштето бидејќи немало конзилијарен преглед вчера на Клиниката за гастро, оти немало услови, немало лекари, не била целосна документација и слично.

Дуковски вели дека Јовановски не е во состојба да го следи судењето, со оглед на тоа што е под седативи и големи болки, а во затворот немало лекар, истиот бил пензионер и доаѓал на три дена, па немало денеска лекар за да го прегледа и каже дека не може да присуствува на рочиштето.