По номинациите за Оскар во две категории на Медена земја, Атиџе беше во центарот на вниманието и секојдневно имаше интервјуа на различни медиуми. После тоа, Атиџе со една молба до новинарите.
Главната актерка во филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, утрово со песна ја поздрави Македонија од Лос Анџелес.
На денешната онлајн прес-конференција со екипата на филмот, на прашањето дали Атиџе се гледа како актерка, таа истакна дека повеќе би сакала да се занимава со пеење отколку со глумење.
– Си имам јас сега работа со пчелите. Сакам да одморам од интервјуа и од камери. Инаку, убаво си поминав на Оскарите, добро беше таму – рече Атиџе.
-Сега сакам новинарите да ме остават на раат. Доста е интервјуа. Јас си имам работа со пчелите, порача Атиџе.