БЕСА и Алианса нема да го поддржат законот за ЈО

Пратеникот на Беса, Фадил Зендели денеска изјави дека нема да гласа за потребата за донесување на законот за јавно обвинителство, и дека тие не биле консултирани за последната верзија на Предлог-законот што утрово пристигна во Парламентот.

Зендели рече дека нема да го поддржат овој закон, бидејќи тој е различен од онаа верзија која што била договарана и е веќе во собраниска процедура пред да биде испратена оваа верзија по скратена постапка.

Исто така, Зендели како и други пратеници претходно, кажа дека со оваа верзија се прави амнестија на високи политичари кои реално, како што рече, биле фатени во криминал, а сега сакаат да се амнестираат.

Пратеникот на Беса потсети дека ништо не е реализирано од она што им било ветено од страна на поранешниот премиер Зоран Заев пред гласањето за уставните измени.

Претходно Сурија Рашити од Алијансата за Албанците изјави дека нема да го гласаат Законот за јавно обвинителство, затоа што последната верзија не одговара со тоа што било договорено со нив. Од таму велат дека не сакаат закон со кој се амнестираат криминалци

Вистина е дека Алијансата водеше преговори со Министерството за правда и имаше свои забелешки на драфт верзијата, но и голем дел од нив беа прифатени, ама она што стигна во Парламентот драстично се разликува особено во членот 110 каде се предвидува амнестија, а ние никогаш нема да прифатиме закон за јавно обвинителство кој овозможува аменстија, рече Рушити.