Македонија претпоследна воена сила во Европа, a 127-ма во светот

Американската воена веб-страница „Global fire power“ го објави најновиот ранг на земји во однос на воената сила и капацитет, според кој се наоѓаме на 127 место од вкупно 138 рангирани држави.

Според рангирањето Македонија е најслаба воена сила меѓу НАТО членките.

Според рангирањето на европско ниво, се наоѓаме на претпоследно место, а од нас послаба во Европа, според воената сила е само Босна и Херцеговина.

 

Во светски рамки, САД се водечка воена сила во светот, уште од почетокот на ова рангирање во 2005 година, додека зад нејзи се Русија и Кина.

Србија, во однос на минатата година, напредувала за 13 позиции и во моментов е на 65-то место меѓу 138 држави во рангот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очекувaл американската воена страница “Global fire power” да ја постави Србија како воена сила и капацитет пред сите во регионот.

Другите земји од регионот се рангирани пониско од Србија – Хрватска на 69-то место,  Македонија на 127-то место, Црна Гора на 123-та и БиХ на 133-то место.

Земјите се рангирани врз основа на повеќе од 50 фактори кои го одредуваат „индексот на моќност“, односно категории кои се движат од воена моќ, население и војници, преку финансии до логистички способности, природни ресурси и географска локација.