Атиџе дефинитивно ги има освоено срцата на многумина, буквално на целиот филмски свет. Бројните пофалби за „Медена земја“ не престануваат да се нижат а медиумите будно го следат секој чекор.

Телевизискиот канал Франс24 во статија посветена на Атиче Муратова, пишува внимателно да се следат Оскарите вечерва токму поради неа.

-Не смеете да ја пропуштите. Таа ќе биде единствената Турско-Македонска селанка меѓу ѕвездената оублика во Долби театарот во Холивуд“, пренесува Франс24.

Понатаму во текстот се раскажува како се додека „Ханиленд“ не освои три награди на филмскиот фестивал Санденс, Атиџе живееше во мала куќа од кал и камен без струја и вода во дивината на Северна Македонија.

„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена кога ја запозна по гледањето на филмот“, раскажал продуцентот на филмот Атанас Георгиев за АФП.

Имено, доделувањето на Оскарите ќе започне во 2 часот по полноќ а на црвениот килим ќе прошета лично и главната протагонистка Атиџе Муратова.