Благодарение на невладината организација „GivePower “ во Кенија беше поставен соларен систем кој што ја трансформира океанската вода, во вода за пиење. Системот ја претвора солента океанска вода во вода за пиење и може да произведува околу 70 илјади литри вода за пиење дневно, доволно за 35 илјади луѓе.

Овој систем би можел да биде решение за глобалниот проблем со недостаток на вода. И покрај тоа што водата сочинува 71% од земината топка, денес суште има милиони луѓе низ целиот свет кои немаат пристап до безбедна вода за пиење.

Според Светскиот економски форум недостатокот од вода преставува еден од најголемите предизивици со кои ќе се соочуват општествата во иднина.

Според статистичките податоци повеќе од 785 милиони луѓе немаат безбедна вода за пиење, а три милиони немаат основни средства за миење раце.