Сеуште не е позната причината за трагичната хеликоптерска несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант.

Светот се уште е во тага и не може да се помири со големата загуба. Бројни луѓе, познати и непознати, му дадоа последна почит на човекот, кој во голема мера ја променил модерната кошарка.

И како што е обично, особено кога станува збор за јавни личности, некои организации влегоа во реконструкција на несреќата за да појаснат што точно се случило тој фатален ден.

Сè уште нема официјална потврда, прашањето е дали и кога ќе биде, па добро познатиот специјализиран Јутјуб канал „The Flight Channel“ одлучи да направи еден осврт на целата ситуација.