Американско-кинеската војна продолжува: Кинеските компании се здружуваат против Гугл

Кинеските компании Хуавеи, Шаоми, Опо и Виво заедно работат на платформа која ќе им овозможи на девелоперите надвор од Кина да прикачат и развијат свои апликации за работа на сите овие компании. Како што пренесува Ројтерс, тие се здружиле во заедничка алијанса под името ГДСА (Global Developer Service Alliance) за да оневозможат глобална доминација на „Google Play Store“.

„Google Play Store“ е инаку забранет во Кина, па тамошните корисници се навикнале апликациите да ги преземат од различни продавници на апликации од кои повеќето ги контролираат Хуавеи и Опо. Меѓутоа, надвор од Кина „Google Play Store“ останува доминантен бидејќи на едно место дава можност за корисниците да ги пронајдат сите апликации. Хуавеи, кој е соочен со забрана од САД, веќе не може да користи Гугл сервиси на своите телефони, па така нивните корисници надвор од Кина остануваат без бројни апликации и главната цел им е тоа да го променат.

Воедно, Хуавеи развива сопствен оперативен систем Хармони ОС и најавиле една милијарда инвестиција за девелопери за да ја прошират понудата за своите Хуавеи мобилни сервиси, нивната алтернатива за Гугл сервисите.

ГДСА планира своите услуги да ги пружи на девет земји и региони, вклучувајќи ги Индија, Русија, Индонезија и Малезија.