По неколкудневниот пад на акциите, пазарот на капитал во Северна Македонија повторно доживува раст на вредноста што најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва.
Поголемиот дел од акциите кои котираат на македонската берза забележаа раст на својата вредност.
На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на Хотели Метропол Охрид, кои забележаа огромен раст од високи 6,67 проценти, пред акциите на ЗК Пелагонија АД Битола кои забележаа раст од 2,99%.
Пораст имаше и кај банкарските акциите на Комерцијална банка АД Скопје од 0,53%, како и кај акциите на ТТК Банка АД Скопје кои ја зголемија својата вредност за минимални 0,08%.