Вечерва на булеверот „Јане Сандански” се преврте возило, објави Канал 5. Најверојатно возилото со голема брзина удрило во столбовите покрај улицата во близина на трговскиот центар „Бисер” и се превртело.
Како што е познато возачот бил сам во автомобилот и немал посериозни повреди.
Информациите велат дека автомобилот веројатно бил управуван со поголема брзина при што удрило во столб покрај улицата кај „бисер“ и се превртел на кров.