Власта го тргува здравјето на граѓаните, од 9 компании на нафтен кокс 5 се на Заеви

Во исто време кога Заев вели дека се грижи за животната средина и здравјето на граѓаните во Македонија од 9 фирми кои работат со нафтен кокс дури 5 компании се блиски до Заеви или се на Заев, изјави на денешната прес конференција Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Или како што тој би рекол: „Кога не знаеш зошто, треба да знаеш дека работата е за пари“.

Според Николов, поради бизнисот на големите компании страдаат граѓаните, а државата тоа го толерира.

Во месец февруари 2019 година, само за еден месец се увезени 42 илјади тони нафтен кокс во државата. Или тоа се вкупно 2.000 илјади шлепери кои што се согорени, а загадените материи се испуштени во воздухот.

И еве задача за Јани Макрадули: нека почне проверка за загадувањето кое што го прават големите циглани во државата, порача тој.

Додека Скопје се гуши, дали има направено контрола државата какви се материи се согоруваат во Цементарница, и какви се материи се согоруваат во компаниите кои што работат во просториите на „Охис“?

Додека Македонија страда поради бизнисите на Заеви кои ги трујат граѓаните, има ли контрола на државата колку загадува РЕК?  И дали актуелните министри се на платен список на големите загадувачи?

Додека Јани Макрадули, Венко Филипче и Петре Шилегов го отспиваат својот мандат со неработа, кога последен пат е извршена контрола на филтрите на големите загадувачи? – запраша Николов.