На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави во сферата на одбраната преку отворен и конструктивен дијалог.
Претседателот Пендаровски ја поздрави соработката меѓу армиите на двете држави и учеството во заеднички регионални иницијативи и изрази очекување дека соработката ќе продолжи во иднина, во интерес на двете пријателски држави.
На средбата претседателот Пендаровски посочи дека членството во НАТО е една од главните стратешки цели на Република Македонија од прогласувањето на независноста и оцени дека тоа ќе придонесе за долгорочната стабилност и безбедност на регионот.