Собранието го донесе законот со кој се забранува увоз на отпад за гориво

На вчерашната 130-та седница на Собранието на Република Македонија, по долги препукувања помеѓу партиите, конечно беше донесен Законот со кој се забранува увезување на отпад кој би се користел како гориво.

Со Законот за управување со отпадот, се уредува управувањето со отпадот, плановите и програмите за управување со отпадот, права и обврски на правни и физички лица во врска со управувањето со отпадот, начинот и условите под коишто може да се врши собирање, транспортирање, третман, складирање, преработка и отстранување на отпадот, увозот, извозот и транзитот на отпадот и надзор над управувањето со отпадот.

Со усвоеното изменување на Законот за управување со отпадот ќе се постигне поголема заштита  на животната средина и пред се на  здравјето на луѓето  и ќе се укине можноста за увоз на отпад кој со одредбата постојниот закон се користи како извор на енергија.